Грифин и Вејд откажаа, дали истото следува и од Кармело и Дејвис ?!

По Блејк Грифин, кој поради повреда нема да може да настапи на Ол-стар натпреварот кој ќе се одржи викендов во Њујорк, уште еден член на првата петорка, овојпат од Источната конференција, го откажа учеството.

Суперстарот на Мајами, Двејн Вејд поради повреда нема да биде дел од спектаклот во Њујорк, а кој ќе го замени, ќе одлучи комесарот на НБА лигата, Адам Силвер.

Според добро упатените, изборот ќе падне на Кајл Корвер, соиграчот на Перо Антиќ во Атланта. Од претходно е најавено дека замена за Блејк Грифин ќе биде Демиен Лилард од Портланд.

Инаку неизвесен е и настапот на уште двајца членови на првите петорки, и тоа Кармело Ентони, ѕвездата на Њујорк Никс, како и Ентони Дејвис, високиот кошаркар на Њу Орлеанс Пеликанс.

Ентони има проблем со коленото, со кое се мачи веќе неколку месеци, а ситуацијата со повредата се влошила пред два дена. Дејвис пак го повреди рамото, кога при забивање падна лошо на паркетот, па и за него нема официјална информација дали ќе биде во можност да настапи на овогодинешниот собир на ѕвезди.