Грипот зеде уште една жртва

Осумдесетгодишен скопјанец почина вчера на Клиниката за инфективни болести како последица на компликации предизвикани од грип од типот А Х1Н1, информираат од Министерството за здравство.

„Пациентот еден ден бил хоспитализиран на Инфективната клиника со тешка билатерална пневмонија, хронична срцева слабост, како и претходно прележан миокарден инфаркт и мозочен удар. И покрај спроведената антивирусна терапија и  напорите на лекарите, пациентот починал“, се вели во информацијата

Сто лица заболени од грип во моментов се лекуваат на Клиниката за инфективни болести, од нив шестмина се во тешка здравствена состојба и се наоѓаат на одделението за интензивна нега.