понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Грипот зема замав, болни се повеќе од 1.200 луѓе

Бројот на заболени оваа недела е за 3-4 пати поголем отколку во минатата сезона, кога беа регистрирани 81 случај

grip

Поврзани вести

Вкупно 1.243 лица досега се разболеа од грип. Само за една недела, од 5 до 11 овој месец се регистрирани 273 новозаболени, соопштија од Институтот за јавно здравје,од кои најмногу болни, вкупно 372 има во Куманово.

„Бројот на заболени оваа недела е за 3-4 пати поголем отколку во минатата сезона, кога беа регистрирани 81 случај. Пријавениот број на случаи на грип и заболувања слични на грип и oваа недела е над бројот што ја означува неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (n=148), што значи дека прагот за влез во сезоната е достигнат и надминат“, велат од ИЈЗ.

Најголем број заболени се на возраст меѓу 15 години и 64 години. Најбрзо, пак, се разболуваат децата од пет до 14 години.

Епидемиолозите велат дека пријавениот број случаи на грип и заболувања слични на грип на територија на Македонија, како и првите лабораториски потврдени случаи, покажуваат дека сме официјално во сезоната на грип. Сепак, анализата на епидемиолошките и виролошките показатели укажува на ниска активноста на овој вирус.

Вакцини против грип досега примија 26.607 лица. Од вкупниот број вакцинирани, 17.895 или 67 отсто се со историја на хронично/и заболување/а.

Сезонскиот грип претставува тешко респираторно заболување на горните дишни патишта со заразност од 100 отсто и нагласено тешка симптоматика кај хроничните болни и старите лица. Се карактеризира со висока температура, сува кашлица, главоболка, болки во градите и во коските, потење.

Покрај вакцинирањето против сезонски грип, како превенција лекарите препорачуваат и општа заштита, со избегнување големи собири во затворени простории, често проветрување на просториите во кои се престојува и внесување на повеќе витамини во организмот.

Најчитани вести