вторник, 27 декември 2016  |  Вести денес: 34

Грипот зема замав, на удар бебињата и учениците

Најалармантна е ситуацијата во детската болница во Козле. Директорот на установата вели дека капацитетот им е веќе надминат и можат да хоспитализираат само тешки случаи

grip-520x417

Последни вести

Тројно е зголемен бројот на заболени од грип во државата. Над 800 случаи се регистрирани за седум дена, во споредба со 270 претходната недела. Оваа сезона бројот на грипосани е над 2000 случаи од кои речиси половината се во Тетово и Куманово. Овој период на удар од вирусите се бебињата и школската популација. Центрите за јавно здравје веќе добиле пријави за зголемено отсуство во градинки и основни училишта. Гужви има и на Инфективна клиника каде дневно имаат по 120 амбулантски прегледи. Најалармантна е ситуацијата во детската болница во Козле. Директорот на установата вели дека капацитетот им е веќе надминат и можат да хоспитализираат само тешки случаи, пишува „Здравство 24

-Капацитетот е 110 а веќе имаме 138-140 деца со свои мајки. Во амбулнатите имаме и над 200 прегледи дневно, а најтешко е во недела кога не работат матичните лекари. Многу гужви има и затоа апелирам до родителите прво да одат кај матичните лекари а потоа кај нас, вели др. Оливер Зафировски директор на Болница за белодробни заболувања кај деца во Козле

Педијатрите велат дека загадувањето дополнително ја отежнува состојбата и имаат зголемен број на пациенти со компликации од вирусите. Едномесечни бебиња со бронхити и пневмонии остануваат со денови во болницата во Козле. Иста е ситуацијата и на Клиниката за детски болести каде нема слободно место на одделот за неонатологија.

-Грип и респираторни инфекции кои може да доведат до компликации како пневмонии, и таквите мора да бидат хоспитализирани, вели Зафировски.

Епидемиолозите потврдуваат дека грипот зема замав и пикот го очекуваат во јануари и февруари. Според нив најдобра заштита е вакцинацијата која речиси е завршена во сите центри за јавно здравје. Според податоците на располагање има само уште 200 дози. Покрај советите за поголема лична хигиена и избегнување на контакти со заболени, лекарите препорачуваат и почесто проветрување на просториите во градинките и училиштата.

Најчитани вести