Грижата за децата без родители останува врвен приоритет на Владата

Грижата за децата без родители и родителска грижа останува врвен приоритет на Владата и министерството за труд и социјална политика, истакна министерот  Диме Спасов, откако заедно со премиерот Никола Груевски, денеска по повод новогодишните празници ги посетија дечињата од Домот „11 Октомври“ и им поделија пакетчиња.

„Изминатиов период се спроведуваа голем број на преокти кои се насочени кон поголема подршка на овие деца, како што е програмата „Д10“ за вработување, преку која само оваа година се вработени 83 деца. Исто така, зголемување на финансиската подршка за децата кои го продолжуваат своето учење, односно се запишуваат на факултет на посдипломски студии, магистарски и докторат им се дава средства од 24 илјади денари месечно“, истакна Спасов.

Тој додаде дека  е зголемена и еднократната парична помош при напуштање на Домот во висина од 180 илјади денари за разлика од претходно кога изнесувала 24 илјади денари и потсети дека им се доделуваат и станови со големи поволности.

„Ова се проекти кои навистина покажуваат дека се води грижа за нив и не се оставени на маргините на нашето општество и како Влада и понатаму ќе продолжиме да ги реализираме овие и слични вакви проекти со цел да ја зголемиме нашата подршка кон овие деца за да не се чувствуваат осамени и оставени сами на себе“, додаде министерот Спасов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.