ВИДЕО: Гризли кој обожува да скока во вода

ВИДЕО: Гризли кој обожува да скока во вода

Брузер е четиригодишен гризли кој ужива во прскање и скокање во базен.

Тој е еден од животинските амбасадори на организацијата „Single Vision“ која се занимава со зачувување на дивите животни и едукација за заштита на природата.

На снимката која ја објави организацијата се гледа Брузер кој скока во базен, плива и игра со даската за сурфање, додека го гледа неговата млада пријателка – црната мечка  Хани.

Како што велат од ораганизацијата, Брузер има покрај пливањето уште едно хоби – уништување на картонски кутии.