Грк и Бугарин главна логистика на СДСМ за денешниот протест

Странските политичари кои ќе зборуваат или присиствуваат на протестот на СДСМ пред Владата на Република Македонија се обезбедени од страна на Партијата на европските социјалисти, чиј прв човек е поранешниот бугарски премиер Сергеј Станишев, објави порталот „Курир“.

Sergej-Stanishev

Бугаринот Сергеј Станишев и грчкиот французин Жан Кристоф Камбаделис се главна логистика на СДСМ за денешниот протест. Станишев е претседател на Партијата на европските социјалисти, додека францускиот политичар со грчко потекло, Камбаделис е потпретседател на истата партија.

Станишев во нашата земја е познат по своите антимакедонски ставови. Во неговиот мандат како премиер не дозволуваше регистрација на македонската организација ОМО Илинден Пирин, измислувајќи илјадници причини за да не биде регистрирана.  Дополнително, Станишев беше и лице кое во бугарските медиуми се споменуваше во контекст на тешки финансиски афери, корупција, мега скандали со европски средства и издавање на државна тајна..

Во ноември минатата година, потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска оствари средба со потпретседателот на ПЕС Камбаделис,  на кој се продолжи со оцрнувањето на сопствената земја во меѓународни рамки. Камбаделис има грчко потекло и гордо го кажува тоа.

За Камбаделис, француски медиуми објавуваа дека имал „лажен докторат“, но кој и на двапати во 2000 и во 2006 година бил кривично осудуван со казна затвор за злоупотреба на службената положба при фиктивни вработувања на мигранти и студентско осигурување.

seke

По средбата со Шекеринска стигнаа остри критики дека Македoнија има демократски неуспеси што несоодветствува со демократските вредности и владеењето на правната држава кои владеат во Европската Унија.

Ова не е првпат Kамбаделис да соработува со СДСМ. Пред потпретседателката на СДСМ, тој во јануари во Париз ја пречека претседателката на дипломатскиот совет на СДСМ, Илинка Митрева.

-Жан Kристоф Kамбаделис е француски пратеник и функционер во Социјалистичката партија на Франција од грчко потекло. Неговата политичка кариера, иако се чини во подем (цело време е на високи позиции во партијата: прв секретар, меѓународен секретар, потпретседател и сл.), всушност постојано е обвиткана во контроверзии, афери, па дури и со осудителни судски постапки против него, пишува весникот.

Според Дневник, последниот скандал со Kамбаделис е само пред еден и пол месец. На почетокот од септември новинарот Лорен Моду го обвини секретарот на Социјалистичката партија дека го фалсификувал својот докторат во 1985 година на парискиот универзитет VII. Целата измама новинарот ја опишува во својата книга, а скандалот добива толку големи рамки што цитати од книгата се објавени во сите француски медиуми. Според објавеното, Kамбаделис практично запишал докторски студии без да ги има потребните квалификации за тоа, односно без да има соодветна универзитетска диплома и магистерски студии, а за тоа му помогнал професор што бил во управата на факултетот. Дополнително, новинарот тврди дека се работи за фалсификуван докторат, па дури и плагијат бидејќи биле дигитализирани само првите неколку страници, а не целиот академски труд, пишуваше ДНЕВНИК во ноември минатата година.

grckopoteklo500

Лажни фактури и фиктивни вработувања

Скандалот доби толкави размери што францускиот пратеник се обиде да го „амортизира“ на една од националните телевизии со прикажување факсимили од одобрението за докторат и за магистратура и дека во тоа време процедурите за докторски студии биле поинакви. Објавените документи, пак, медиумите ги анализираа во насока дека само потврдуваат дека се работи за „сомнителен докторат“ бидејќи според нив, францускиот политичар докторирал за 9 месеци од моментот кога ги запишал студиите, иако во просек тие траеле од две до три години.

-Но, скандалот со „лажниот докторат“ е најмал во серијата незгоди што го следат човекот чии зборови СДСМ ни ги понуди како авторитетен доказ дека како држава не сме доволно демократични за да бидеме дел од елитното европско (француско) друштво. Во 2006 година, Kамбаделис е осуден на условни шест месеци затвор и парична казна од 20.000 евра за злоупотреба на својата положба од 1991 до 1995 година, преку Националната агенција за студентско осигурување. Според тоа што го објавувале француските медиуми (а особено со случајот се занимавале „Ле Монд“ и „Либератион“) истрагата водела кон Kамбаделис, тогаш дел од Агенцијата и потпретседателот на социјалистите. Имено се работи за подружница на Студентското осигурување од каде што биле издавани лажни фактури за студентското осигурување и фиктивни вработувања при што била стекната бесправна имотна корист од 94.500 евра. Во јуни 2000 година против Kамбаделис е поведено обвинение за злоупотреба на службена положба, а во 2006 година тој е осуден за делото, пишува Дневник.

Тоа е втора казна затвор за домаќинот на Шекеринска. Претходно, во 2000 година, тој бил осуден на условна казна од 5 месеци затвор и парична казна, исто за злоупотреба на положбата од страна на парискиот кривичен суд. Се работи за т.н. „случај Агос“ односно фирма што се занимава со посредување при вработување на мигранти во Франција. Истрагата почната во ноември 1999 година, покажала дека во периодот од 1993 до 1995 година Kамбаделис бил дел од измамата на оваа фирма со фиктивни вработувања при што била стекната корист од околу 67 илјади евра. Ситно? Доволно за осудителна пресуда.

Ова се луѓето кои им даваат поддршка на СДСМ, со антимакедонски ставови и до гуша заглавени во криминал и корупција.