Грк осуден на затвор поради исмејување на монах

Гркот Филипос Лоизос кој отвори Фесјбук профил заради исмејување на еден многу почитуван православен монах Пајсиј Светогорец, е прогласен за виновен за богохулство и осуден на затворска казна во траење од десет месеци, објавија денеска локалните медиуми.

Повеќе од илјада Грци на социјалните мрежи го изразија своето противење против апсењето на 28 годишниот Лоизос, кој ја искористи играта на зборовитре во името на отецот Пајсиј (Paisos), и ги замени со името на традиционално грчко јадење од тестенини и мелено месо (pastitsos), пренесува Ројтерс.

„Тој се бавеше со сатира во земјата во која сатирата е родена,“ изјави денеска неговиот адвокат и додаде дека неговиот клиент немал никакви намери да ја навреди православната црква.

Лоизос поднесе жалба на пресудата и нема да отиде во затвор се додека неговиот случај не биде изнесен пред Апелационен суд, изјави неговиот адвокат. Тој е обвинет за навреда на религијата и злонамерно богохулство.