Грк пронајден мртов на паркинг во Битола

Вчера околу 20 часот и 15 минути во СВР-Битола, од екипа на Итната медицинска помош, пријавено е дека на улицата „Димитар Илиевски-Мурато“, на паркингот во кругот на хотел „Епинал“, покрај возило „Хонда“, пронајден е починат 77-годишниот В.Б.К. од Грција.

Увид на лице место извршила екипа од полицијата.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.