петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 0

Грк се обидел да прегази полицајци во Охрид

Грк се обидел да прегази полицајци во Охрид. Синоќа во 01.50 часот на магистралниот од село Подмоље кон Охрид, полициски службеници издале наредба за запирање на автомобил „Сеат Ибица“ со грчки регистарски ознаки.

svrohrid

Последни вести

Грк се обидел да прегази полицајци во Охрид. Синоќа во 01.50 часот  на магистралниот од село Подмоље кон Охрид, полициски службеници издале наредба за запирање на автомобил „Сеат Ибица“ со грчки регистарски ознаки.

На оваа наредба возилот не застало, но по втората наредба за запирање возилото застанало.

Кога полициските службеници се доближиле до возилото, возачот го стартувал возилото наназад, по што со задната лева страна удрил во левата нога, во пределот на коленото, на полициски службеник.

Поради заплашување и запирање на возилото, друг полициски службеник испукал еден куршум во воздух со службено формациско оружје. После тоа возачот застанал со возилот и бил легитимиран. Се работи за грчкиот државјанин К.Л. (58) од Лерин.

На полицискиот службеник му е укажана лекарска помош по што е пуштен на домашно лекување. Во текот на денот грчкиот државјанин со соодветна пријава ќе биде предаден до Основното јавно обвинителство – Охрид.

Најчитани вести