Грк со бугарско комбе шверцал мигранти во Македонија

Грк со бугарско комбе шверцал мигранти. Вчера во 20.40  часот на автопатот  Гевгелија – Скопје во близина на тунелите кај Демир Капија полициски службеници стопирале комби „Мерцедес Спринтер“  со  бугарски регистарски ознаки, управувано од Г.Н. (28) од Р.Грција.

Во возилото се пронајдени 33 мигранти без документи.

Лицето и  мигрантите биле приведени во полициската станица во Неготино, а на во текот на денешниот ден ќе биде спроведен до Основното Јавно Обвинители за гонење на сторители од областа на организираниот криминал и корупција и основниот суд Скопје-1 во Скопје, додека мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци.