Грмење во зима, нормално или не?

Синоќешната ситуација со грмежи и пороен дожд среде ноември многумина ги стави во мисла за тоа дали е нормално да грми речиси во зима. Одговорот, еднозначно е ДА!, известува порталот „Метеопро“.

Она во што се разликуваат олујните невремиња во лето од оние во зима е енергијата во атмосферата. Нормално таа е поголема во лето. Сношти имавме класична ситуација на студен атмосферски фронт, а распореденоста на баричките полиња беше таква што кон нас од југозападна страна имавме значителна адвекција (хоризонтален транспорт) на влага, а од северозапад имаме спуштање на значително постудена воздушна маса (студен атмосферски фронт). Во ваква ситуација имаме идеален сплет на околности за малку потурбулентно време