Гроб стар два века раскоран во гостиварско

Непознати лица раскопале стар гроб на селските гробишта во гостиварското село Симница, а случајот во полиција го пријавил жител на селото.

Според информациите од тетовската  полиција, сквернувањето  најверојатно се случило во периодот од 23-28 овој месец. Засега не се знае чиј бил гробот, бидејќи натписната плоча била испашана на старо-арапско писмо, а се претпоставува дека е постар од два века.

Се’ уште не се познати мотивите за раскопувањето и што  е одзмено, се уште е непознато. Од извршениот увид е констатирано дека гробот бил раскопан, а потоа земјата била вратена на местото.