„Гробари“ ги симнаа албанските знамиња кај Подгорица!

Навивачката група „Гробари“ на ФК Партизан од Црна Гора ги симнале сите албански знамиња во местото Тузи во близина на Подгорица, пренесува српски Курир. 

Ова е реванш за однесувањето на жителите на ова место кои со истакнување албански знамиња го прославиле прекинот на квалификацискиот меч Србија-Албанија во Белград.
Операцијата во Тузи „Гробарите“ ја извеле на денот на албанското знаме кога сите куќи биле накитени со знамето на Албанија а имало и знаме идентично на знамето што го вееше дронот на стадионот на ФК Партизан во Белград.