Гробиштата во Ѓорче Петров ќе се прошируваат

Гробиштата во Ѓорче Петров ќе се прошируваат
Гробиштата во Ѓорче Петров ќе се прошируваат

Гробиштата во Ѓорче Петров ќе се прошируваат кон периферијата на населбата,  одлучи Советот на општината. На вчерашната седница на Советот, исто така се усвои и извештајот за извршување на буџетот на локалната власт за вториот квартал од 2015 година, а зелено светло добија и предлог-одлуките за утврдување на Нацрт-деталните урбанистички планови за градските четврти С3 10, (просторо околу гробишта во Општината Ѓорче Петров) и С3 11( просторот над пругата во северо-западниот дел од Општината).

Со донесување на С3 10 ќе се овозможи проширување на постоечкиот простор на ѓорчепетровските гробишта. Со тоа ќе биде решен еден од проблемите за граѓаните на општината Ѓорче Петров кој со зголемување на општината и евидентното зголеменото населување од другите градови од нашата земја во Ѓорче Петров досегашниот простор на локалните гробишта ни од далеку не можеше да ги задоволи потребите на оние кои имаат потреба од такви услугите, соопштија од Општина Ѓорче Петров.

Со усвојување на С3 11, околу 200 нелегалните објекти десно од железничката линија во правец кон Тетово, ќе може да се легализираат.