„Гром 1“ ја тресе Србија, до сега уапсени 128 дилери на дрога

Во Србија вчера се уапсени 128 лица во рамките на акцијата „Гром 1“, на српската полицијата, насочена против дилерите на дрога во земјата, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

Според неофицијални информации меѓу уапсените се и членови на така наречената „Кекина група“ и блиски соработници на криминалниот бос Лука Бојовиќ.

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ изјавил дека уапсени се и значајни луѓе од мафијата.

Акцијата била спроведена по барање на Бирото за координација на работата на службата за безбедност.
До сега, полицајците влегле на повеќе од илјада локации
Во полициската акција „Гром“, што започна на почетокот на декември, против осомничените за трговија со дрога, на територијата на Србија беа запленети 21 килограм дрога и приведени со 124 осомничени, до кои 70 се задржани во притвор.