петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 55

ГРОМ: Не може да има селективна примена на правда заради политички цели

Jakimovski-pres-GROM

Последни вести

Претседателот на ГРОМ Стевче Јакимовски денеска јавно ги повика правосудните органи да се однесуваат согласно законските прописи и да не дозволува  двојството во функционирање на правниот поредок на Р.М.

Тој истакна дека не може да има селективна примена на правда која се користи во политички цели во Р. Македонија.

-Како е можно да се бара притвор за градоначалникот на Битола Владимир Талевски, а не се бара притвор за градоначалникот на Струмица Зоран Заев. Градоначалникот на Битола е обвинет врз основа на муабети, „рекла- казала“, за превоз кој што не го вршел тој, ниту броел деца, ниту пак примал фактури туку само го вршел плаќањето. За разлика од господинот Зоран Заев кој што е обезбеден со посебни истражни мерки и со закон утврдени каде што тој бара 200.000 евра поткуп, каде што господинот Заев ја објаснува целата технологија на зимање на мито, каде што ги наведува лицата од фирмите кои претходно дале  мито и каде што дури и го наведува крајниот корисник, односно благајната каде што треба да се испорачаат парите, а тоа е менувачницата на неговиот брат Вице, рече Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ запраша дали главниот проблем во  држава е градоначалникот Талевски на Битола.

Точно е, рече тој,  дека политичарите мора да имаат морално чист кредибилитет без исклучок меѓутоа градоначалникот на Струмица и лидерот на опозицијата 100 пати повеќе треба да има почист кредибилитет во однос на било кого бидејќи претендира да ја презеде власта во Р. Македонија.

-Јас одговорно тврдам пред македонската јавност дека изворот на продукцијата на митото и корупцијата на криминалот во Р. Македонија и опасноста од оваа зараза не доаѓа од Владимир Талевски туку доаѓа токму од Зоран Заев. Се поставува прашање како што многу пати до сега сме потенцирале: еве го проблемот со двојството во функционирање на правниот поредок на Р.М.  „Поткуп“ го води државното обвинителство и за ова не дело не бара притвор, а СЈО за недокажани дела на Владимир Талевски бара притвор, истакна Јакимовски.

Според него во Македонија имаме двојство во функционирање на правниот поредок на Р. Македонија.

-Колку и да сакаме да не го критикуваме СЈО, колку и да сакаме да бидеме не критични, да не бидеме цинични, да не го омаловажуваме тие самите придонесуваат за ваквиот нивни третман, со тоа што се обидуваат да спроведуваат селективна правда и полека, но сигурно се претвораат во 15 коалиционен партнер на СДСМ. Очигледно дека на СДСМ не му треба ниту преговори, ниту датум на избори. Нив им треба како што вели Шеќеринска, најголемата нивна придобивка од минатогодишниот Пржински договор им е СЈО и таа најголема нивна придобивка ако може и физички да им ги тргне нивните противници, за да како што тие сакаат, евентуално да можат да дојдат на власт, посочи Јакимовски.

ГРОМ ги повикува уште еднаш правосудните органи да судат и да се однесуваат согласно законските прописи. Секој криминал мора да биде гонет и третиран на исти начин, исклучоци не смее да има за никого.

Најчитани вести