ГРОМ: Октоподот на СДСМ не е уништен, туку еволуирал во „октопод-интернационалец“

Со последната серија апсења на МВР во која се инволвирани високи функционери на СДСМ, дефинитивно паднаа маските во македонската политика, посочија од партијата ГРОМ на денешната прес-конференција.

-Сведоци сме дека на СДСМ секојдневно му беше полна устата со борба против криминалот и обвинувања за сите што не се „нивни“ дека се криминалци. Очигледно СДСМ едно збори, друго прави и функционира по принципот „држете го крадецот“. Ова јасно покажува дека октоподот не само што не е уништен туку, од 1997 година наваму тој еволуирал во „октопод-интернационалец“. Деновиве видовме дека неговите пипци се пуштени од Косово, преку Благоевград, Ливерпул се до Никозија-Кипар. И Господ само знае каде се завршуваат неговите краци, велат од ГРОМ.

Овој пат, според ГРОМ, СДСМ не може да каже дека станува збор за бивш партиски функционер и да се оградуваат од него, бидејќи како што велат од партијата, главата на овој кримина Ванчо познат како Деликатес, во моментот е член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз.

-Ако се има предвид дека Ванчо Деликатес не беше универзитетски професор, ни аналитичар, а не беше ниту некој политички мудрец, туку служеше за финансирање на СДСМ, го охрабруваме обвинителот да ја прошири истрагата за да се види колку пари досега Ванчо Деликатес внел во касата на СДСМ и дали дел од овие 2,8 милиони долари завршиле во рацете на највисоки функционери на Социјалдемократскиот сојуз, потенцираат од партијата.