ГРОМ поднесе кривична пријава за министерот Спасовски

Во партиското седиште на Граѓанската опција за Македонија, денес претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, одржа  конференција за печат. Во своето обраќање до медиумите, тој како што истакна наместо „тралала“, кривичната пријава која му беше поднесена од страна на министерот за Внатрешни работи за собирот со кој се одбрани Уставниот суд, ГРОМ одговара со поднесување на издржана и сериозна кривична пријава.

Нивната кривична пријава беше донесена во очај, додека нас не не обзема никаков триумфализам, напротив,  во една сталожена тридневна консултација со правни експерти одлучивме да поднесеме кривична пријава против министерот за Внатрешни работи, г-динот Оливер Спасовски, и тоа за сторени две кривични дела. Едното кривично дело  е за злоупотреба на службената положба и овластување, а другото е сторено според законот за спречување на судир на интереси, напомена лидерот Јакимовски.

Јакимовски, истакна дека министерот за Внатрешни работи, според тековната состојба на СДСМ, покрај Зоран Заев е овластено лице во партијата и генерален секретар на истата. Во исто време, нагласи Јакимовски, тој се јавува како овластено лице во МВР, со полни права и обврски, и во СДСМ со полни права и обврски.

Злоупотребата со искористување на службените должности и овластувања е извршена затоа што во својство на службено лице се водел од лични и политички интереси во организирањето на протестот. Извршил злоупотреба со пречекорување на службените овластувања затоа што на ден 15.03. 2016 организирал приватна партиска забава или протест во кој што и самиот учествувал, потенцираше претседателот Стевчо Јакимовски.

Во протестот организиран од СДСМ, министерот Спасовски како обезбедување на истиот настан го користел кадровскиот, техничкиот и целокупните логистички капацитети на МВР, каде што истиот е во функција на прв човек на институцијата. Со ова делување г-динот министер за внатрешни работи сторил повреда на кривичниот законик, член 353, став 1 кој гласи:

Службено лице, кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на неговата службена должност, ќе прибави за себе или за друг некаква корист, или на друг ќе му нанесе штета ќе се здобие со казна затвор од 6 месеци до 3 години, дециден беше Јакимовски.

Понатаму, како што појасни лидерот на ГРОМ, министерот Спасовски, ги пречекорил службените овластувања, направил штета на министерството кое го раководи и сторил кривично дело, со тоа што на протест на кој тој е организатор, и има политичка корист, тој ги употребил униформираните и неуниформираните лица на јавната безбедност од МВР, дел од управата за безбедност и контраразузнавање како и ги употребил единиците за специјални намени, или како што се вика единица за брзо распоредување со тешко вооружување, и ги искористил материјалните средства хермелини, со сите овие пречекорувања извршил материјална штета од повеќе стотици илјади евра.

Министерот Спасовски направил прекршок и според законот за спречување на судир на интереси член 5, став 1 кој гласи: службено лице, при извршување на јавните овластувања и должности не смее да се раководи од лични, семејни, верски, политички и етнички интереси, притисоци и ветувања од претпоставениот, децидно објасни првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

На крајот, како што кажа лидерот Јакимовски, жали што ја поднесува оваа кривична пријава на човек кој ниту има капацитети, ниту има квалитети да ја обавува оваа висока државна функција, и човек кој со ова, покрај Бобо Дајнерс, станува жртва на сопствената партија.

Одговарајќи на поставените новинарски прашања, претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, истакна дека мирниот собир организиран од ГРОМ, уредно бил пријавен во МВР на локацијата меѓу АЕК и Обвинителството, а тоа што министерот Спасовски нема капацитет да обезбеди мирен собир на граѓани, е негов проблем.

Како политичка партија, ние судски одлуки не коментираме, особено на највисоката судска инстанца, и исто така сакам да нагласам дека единствениот пример на палење на суд, и ликвидација на судии и обвинители е случен во 1985 година во Богота, Колумбија од страна на Пабло Ескобар во една мафијашка држава, го образложи својот мотив за организирање на мирниот собир за одбрана на Уставниот суд, на кој активисти на СДСМ и СОРОС му се закануваа со палење и физичка пресметка, претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.