Гром погодил патнички авион во Шкотска

За малку избегната голема трагедија над Северното море. Гром погоди патнички авион во Шкотска. Поради спремноста на пилотот во последен момент е избегната трагедијата, пренесе „Скај њуз“.

Авион на компанијата „Логанер“ со 30 патници и тројца членови на екипажот за малку ќе паднел во Северното море, но пилотот ја повратил контролата над леталото.

Пилотот (42) одлучил да го запре слетувањето кога бил на оддалеченост од 11 километри од аеродромот во Самбург на островот Шетланд, кога авионот бил погоден од гром. Пилотот и копилотот погрешно претпоставиле дека автопилотот бил исклучен, па со сите сили се обидувале да ја вратат контролата над леталото кое почнало нагло да губи на висина.
Авионот безбедно слетал во Абердин, со помала штета. Никој од патниците не е повреден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.