ГРОМ: СЈО со откажувањето од случајот „Пуч“ го аболицира Заев

Откажувањето на Специјалното јавно обвинителство(СЈО) од судското гонење на Зоран Заев во случајот „Пуч“ не е ништо друго, освен аболиција, велат од ГРОМ.

Образложението на СЈО за тоа зошто се откажува од обвинителниот акт е обична „евтина манипулација“ со аргументи кои наводно само тие ги знаат и никој друг во државата. Згора на тоа, што оваа аболиција, спротивно на важечките прописи, законот и Уставот, ја прави една неуставна институција како што е СЈО“, соопшти партијата.

Оттаму јавно прашуваат ако Заев и неговите соработници биле „чисти“, зошто не дозволиле Судот да процени дали има основа за кривично гонење или нема и не ѝ дале шанса на јавноста да види дали Заев барал само предвремени избори или мавтал со снимени разговори нарачани од Верушевски.

„Ги потсетуваме оние на кои се однесува оваа аболиција од страна на СЈО дека единствен, согласно Уставот и изборната волја на граѓаните на Република Македонија, кој има право да изрекува аболиции е претседателот на државата, односно во моментот Ѓорге Иванов.

Ние во ГРОМ сметаме дека овој непринципиелен потег на СЈО отвора врати за нови аболиции. Тогаш критизерите на аболициите го губат секое морално право за какви било критики за можно изречени нови вакви одлуки на надлежната институција во државата“, додаваат од партијата.