ГРОМ Струмица: Заев, нема да ти се извиниме туку бараме поголема одговорност за начинот на кој ја практикуваш власта

Извинете господине Заев, ама нема да ви се извиниме, порачуваат од ОО ГРОМ Струмица.

„Вашиот последен чекор „барање за извинување“, согласно Закон за граѓанска одговорност поради клевета и навреда, јас лично како претседател на ОО ГРОМ од Струмица и ние членовите на Граѓанската опција за Македонија                од Струмица го сфаќаме само како очајнички крик на градоначалник кој нема минимален демократски капацитет. Господине Заев вие заборавате дека ние членовите на ГРОМ сме дел од градот Струмица  кои секојдневно се судираат со проблемите на живеењето во Општина која токму Вие ја менаџирате. Она што уште еднаш бараме да ни одговорите е дали сте вие на видеото коешто го пренесоа сите македонски медиуми и пошироко меѓународните гласила. Во него се слушнаа и видоа многу компромитирачки моменти за начинот на кој вие барате пари/мито од бизнисмени и згора ги упатувате да ви ги дадат, вам, односно на вашиот брат Вице“, стои во соопштението упатено до јавноста.

Од ГРОМ уште еднаш го прашуваат градоначалникот на Струмица кој е Вице Заев, дали е некој вработен во општината или е некоја институција каде што по редот на нештата треба да се носат парите.

„ Тој не е ниту во одборот за изградба на цркавата, туку едноставно само член на кланот Заеви“. велат од ГРОМ.

За крај од партијата нагласуваат дека не само што нема да се извинат, туку напротив, бараат уште поголема одговорност за начинот на кој тој ја практикува власта во нашиот град, што, како што велат, е крајно понижувачка и засрамувачка за секој чесен граѓанин на Струмица.

–  И сосема на крајот. Не ви се плашиме. Оној кој треба да се плаши и да се засрами сте вие, а не јас или членството на ГРОМ, само затоа што мислиме и делуваме различно од вас.