Свет

Гром усмрти 11 верници во Колумбија

Гром усмрти 11 верници во Колумбија
Попладне нестабилно време во западните и северните делови

Гром усмрти единаесет Колумбијци за време на одржување на религиозен ритуал.

Инцидентот се случил во близината на градот Гуакака, во колумбиската планина Сиера Невада. Градот се наоѓа во одалечените делови на северот од Колумбија.

Во моментот на ударот на громот, водачите на племето Вива одржувале специјален религиозен обред за „духовна хармонизација“.

Громот предизвика други 15 лица да бидат повредени. Најголемиот дел од нив имаат изгореници по телото од трет степен.

Сите повредени се префрлени во болниците во градот Санта Марта на брегот на Крибското Море.

Во спасувачката операција се вклучила колумбијската армија,која во реонот погоден од громот испратиле неколку хеликоптери.