Македонија,Крими хроника

Гром усмрти овчар во беровско

Гром усмрти овчар во беровско

Гром усмрти старец на местото викано „Пиличоско“, во атарот на селото Двориште.

Четириесет и тригодишниот А.Н. од истото село вчера во полиција пријавил дека го пронашол безживотното тело на својот роднина, седумдесет и двегодишниот Христо Н.

Смрт е констатирана од лекар, а увид на лице место извршила екипа од полициската станица во Берово.

Било утврдено дека на 21. месецов во период од 17 до 19 часот додека го напасувал своето стадо овци во атарот на селото, Христо (72) бил удрен од гром и на самото место починал.

Телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб.