Гром усмрти три лица во Аргентина

Три лица загинаа, а 15 други беа повредени, откако гром удрил на плажа преполна со луѓе во Аргентина, пренесуваат локалните медиуми. Две лица се во критична состојба. Инцидентот се случил во екот на туристичката сезона во туристички град во близина на Буенос Аирес, пренесе „Нова телевизија“.

Громот неочекувано удрил во еден од чадорите за сонце. Во моментот на плажата имало и многу деца. За среќа, ниту едно од нив не е повредено.

Повредените лица биле однесени во локалната болница со различни повреди, вклучувајќи и изгореници, пишуваат аргентинскиот медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.