Јакимовски: Ванхојте да се прогласи за PERSONA NON GRATA!

ГРОМ: Ванхојте да се прогласи за PERSONA NON GRATA!
ГРОМ: Ванхојте да се прогласи за PERSONA NON GRATA!

 

Денеска, во централното партиско седиште, претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, одржа прес конференција. Поводот за истата беше интервјуто на европскиот дипломат Питер Ван Хојте за ,, Дојче Веле,, во кое, според Граѓанската опција за Македонија, тој неочекувано го раскажа целиот заговор.

Маските конечно паднаа. Оние што го пратиле Ванхојте во валканата мисија, не успеаја. Во состојба на очај и немоќ на крајот од својата мисија господинот европски дипломат го кажа планираниот заговор. Во своето интервју тој признава дека изборите нема да решат ништо, свесен дека владејачката коалиција ќе остане на власт и дека не успеале да го кренат рејтингот на неспособниот СДСМ, потенцираше лидерот на ГРОМ, Јакимовски.

Понатаму, претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски нагласи дека поради овие причини дипломатот бара нова алтернатива во ,,ad hoc’’ техничка влада со најмалку две до три години, додека на СДСМ не му се поткрене рејтингот и верувале или не, рече Јакимовски, тој истиот бара меѓународна интервенција во суверена и независна Република Македонија.

Не господине Ванхојте: NO PASARAN! – Тоа нема да ви пројде. Ние Македонците чекавме еден милениум да имаме сопствена држава и цели 25 години, ги трпиме вашите понижувања, категоричен беше претседателот Стевчо Јакимовски.

И кога сме кај историјата, продолжи Јакимовски, која му е најнова играчка, покрај мачките, во ова интервју, ја кажува најголемата навреда за македонскиот народ со реченицата ,,и децата притоа мора да учат фалсификувана историја’’ !

Ова е истиот оној термин кој веќе седум децении го употребуваат Бугарија и Грција. Термин кој ни е рак- рана и за кој животите ги положија илјадници македонски патриоти. Дали е сега јасно што ГРОМ предупредуваше? Уште пред една година велевме дека странските разузнавачки служби, преку СДСМ сакаат да воспостават квинслишка власт која ќе им служи на туѓи интереси,и меѓудругото да ја ревидираат наводната фалсификувана македонска историја потсети на предупредувањата на ГРОМ, лидерот на партијата Стевчо Јакимовски.

Претседателот на ГРОМ, изрази благодарност до Ванхојте, кој си ја отвори душата, и овој пат не преку мачката, туку директно го соопшти заговорот и неговите извршители. Па така, рече првиот човек на ГРОМ, македонските граѓани сега имаа убава прилика него да го препознаат, и за ова, својата благодарност да му ја изразат прогласувајќи го за  ,,Persona non grata’’ !

Сепак Република Македонија е место за понормални политичари и дипломати, кои и покрај тоа што ја сфаќаат политиката за валкана работа, би требало да имаат барем трошка човечко чувство. Во моментот кога мечката му игра во сопствениот двор во Брисел, кога му гинат недолжни граѓани, тој се дрзнува да бере туѓи гајлиња, за туѓи истории и тоа наводно од понеделник ќе го правел бесплатно. Затоа ГРОМ прашува: До каде оди лицемерието на бриселскиот дипломат?! -го заврши на крајот своето излагање до медиумите, претседателот на партијата Стевчо Јакимовски