Македонија

Грозданов: Опозицијата година ипол ги држеше во заложништво медиумите

Грозданов: Опозицијата година ипол ги држеше во заложништво медиумите

„За добра секира нема лошо дрво. И постоечкиот закон носи елементи како да се делува во самите медиуми“, истакна Виктор Грозданов, поранешен претседател на асоцијацијата на приватни медиуми во отвореното студио на ТВ Нова.

Тој додаде дека опозицијата година ипол ги држеше во заложништво медиумите.

„ Опозицијата година ипол ги држеше во заложништво медиумите. Толку зборуваше за некои реформи, за на крајот тоа што го предложија да се претвори во балон од сапуница и веднаш да пукне. Секој нормален опозиционер ќе предложи да не се скара со медиумите, а ќе ја стави владата во подредена ситуација да го слуша. Ако ги слушаа забелешките на Европската комисија, каде постои закон дека треба да се одлучи што е кампања од јавен интерес, ќе беше поинаку“, истакна Грозданов.

Во врска со одлуката за ад-хок телото и промената на главниот и одговорен уредник на МТВ, Грозданов смета дека периодот е краток никој не може да стекне доверба во медиумот за 100 дена.

„За да мониторирате 100 дена ви треба подготовка. Кој од нив ќе даде квалитативна информација, дали сум јас пристрасен или непристрасен? Договорија на 100 дена да влезе главен и одговорен уредник во МРТВ. Поголема глупост не можам да сфатам. Како може за 100 дена да ми веруваат граѓаните и кој е тој што сам ќе влезе? Еден човек“, смета Грозданов.