Грозданов: Тортурата и притисокот ќе го издржиме, секој ден ќе не има во поголем број

На тие внатре им порачувам: Немојте да судите и да пресудувате за утре да се срамите од самите себе. Вие ги гледате последиците, не ги барате причините. Сите ние знаеме дека има тортура, дека има притисок, ќе го издржиме. Секој ден во поголем број ќе не има, истакна Цветко Грозданов од пред Кривичниот суд на протестот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Горд сум на луѓето кои спречија да има државен удар затоа што причините беа тие. Нека мислат тие кои сакаа и донесоа ненародна власт, нека се мислат луѓето кои даваа заклетви кои читаа и кои треба да одговараат, тоа беше пучот. Ги повикувам Јавните обвинители нека ги извадат кривичните пријави против сторителите, не против оние кои влегоа да ја бранат слободата, вели Грозданов.

Тој истакна дека нема да се исплашат и секој ден ќе ги има во поголем број и сите ќе се уверат како се сака татковината и како се брани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.