Грозданов: Владата да дозволи алокација на пари за Супер купот, а не да се губи време за обиди за оцрнувања

Сето тоа е поради одредени причини, можеби политички, можеби и не, но народот ќе донесе одлука дали е така. Ние уште во ноември се обративме до Општина Центар, за да добиеме одобрение за градба за овој телеком паунд, каде што треба да бидат ТВ возилата. За жал, Општина Центар носи па сами си ги поништуваат тие одобренија, кажа во интервју за телевизија Алфа директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов.

„Непознавањето на проблематиката од страна на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, доведе до правење одредена забуна кај граѓаните, дека станува збор за одредени проблеми кои настанале во работењето на нашата институција. Јас одговорно тврдам дека проблеми во работењето на институцијата нема, дека забелешките се однесуваат оправдано поради она што е одолговлекувањето на динамиката за завршување на овие зафати, коишто требаше досега да бидат завршени. Сето тоа е поради одредени причини, можеби политички, можеби и не, но народот ќе донесе одлука дали е така. Ние уште во ноември се обративме до Општина Центар, за да добиеме одобрение за градба за овој телеком паунд, каде што треба да бидат ТВ возилата. За жал, Општина Центар носи па сами си ги поништуваат тие одобренија. Во меѓувреме поништуваат и дупови и настанува хаос, каде што потоа чекаме месец и пол да ни одговорот по кој ДУП треба да постапиме, за да добиеме одобрение за градба во Министерството за транспорт и врски“, рече Грозданов.

Рече дека во моментов е дадено барање за тениските игралишта каде што требаше биде телеком паундот.

„Доколку Владата или генералниот секретар направи мислење дека има волшебно стапче и дека со него во овој момент ќе укаже и завршено е, купот ќе се одржи во Македонија. Сакам да кажам дека за Суперкупот е работено две години, прво да се добие организацијата, направени се максимални години. Во минатите две години направени се максимални напори за негово одржување, да не се залажуваме дека во рок 10-15, доколку нешто не направила минатата влада, дека оваа влада сега ќе направи и ќе се одржи Суперкупот. Единствено што треба да направи таа и генералниот секретар е да си ги знае неговите ингеренции и неговите работи, кои што треба да ги заврши во однос на Суперкупот. Ние кажавме дека имаме средства наши, не бараме милостина, коишто се наоѓаат на одредена наменска сметка, поради тоа што сме во теснец со времето, потребно е владата да донесе одлука, со што ќе ни даде можност да ги алоцираме за друга пренамена, одлука којашто мора Владата да ја донесе, бидејќи е единствен акционер во претпријатието“, додаде Грозданов.

Побара Владата да даде дозвола парите да се пренаменат за може да се инвестираат за Суперкупот. Грозданов го повика Рашковски да не губи време со пресови со цел да оцрни некого, бидејќи стадионот е еден од најдобрите проекти во оваа држава и претставува еден од најдобрите пет стадиони во Европа.

Грозданов кажа дека е сигурен, поради максималните напори коишто се направени, оти натпревварот ќе се одигра во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.