Грозоморно убиство во Нови Сад: Маж со секира ја искасапил сопругата

Стравично злосторство се случило синоќа во Нови Сад, при што мажот со секира си ја искасапил жената во присуство на нивната петгодишна ќерка која спиела во другата соба.
 Тој утрово ја повикал полицијата и пријавил дека  жена му е мртва. Мажот е приведен, а увидот е во тек.
Убиената жена била физиотерапевтка, а мажот ветеринар. Во Нови Сад живееле под кирија, а од неодамна останале без работа.