Грција ќе ја добие следната транша само по позитивна оценка на Тројката

Тешко ќе биде исплатена во декември следната транша од една милијарда евра на Грција, смета претседателот на Еврогрупата Јерун Деиселблум, пренесува весникот „Нафтемборики“. Тој навестува дека ќе е тешко постигнувањето напредок на преговорите со Тројката меѓународни кредитори, но смирува фактот дека одложувањето на траншата нема да и создаде финансиски проблем на земјата, пренесува весникот.

Засега планираното враќање на Тројката за следната недела во Атина се одложува. Доверителите бараат од кабинетот на премиерот Андонис Самарас да ги исполни нивните барања за реформи и кратења, па потоа да бидат продолжени преговорите.

Весникот „Имерисија“ потсетува дека за да бидат исплатени една милијарда евра на Грција, земјата е должна да реализира четири структурни мерки и особено да отпушти 4.000 државни службеници до крајот на оваа година и да уште 11 илјади во 2014 година, да изготви нов кодекс за адвокатите, да го реструктуира компаниите и да ги подмири долговите на државата кон бизнисот.

Аналитичарите во Атина сметаат дека е невозможно да се постигне договор за транши од една милијарда евра на седницата на Еврогрупата во понеделник, но не ја исклучуваат можноста, ако во меѓувреме се дојде до некакво согласност или доверителите покажат тенденција да биде свикана вонредна седница на Еврогрупата до крајот на месецот.