Груби: Македонија станува двојазична на целата територија

„Македонија станува двојазична на сите нивоа на државата“, порача  пратеникот Артан Груби од ДУИ во гостување на Алсат телевизија.

Во врска со реакциите на ВМРО-ДПМНЕ „дали Македонија станува двојазична или не“ Груби е дециден дека двојазичноста ќе се воведе во сите органи на државата: централната власт, вклучувајќи го и претседателството, Владата, Собранието, општините, додека општинската власт е регулирана преку актуелниот закон.

-Сите органи, како судството, нотаријатот, обвинителството, сите органи ќе зборуваат албански, вклучувајќи ги и граничните премини и се надеваме дека со оценување на Венецијанската комисија по разгледувањето на членот 8 и трите елементи кои се пратени на разгледување таму, како банкнотите и монетите, двојазичноста кај нив, хартиите од вредност, како и униформите на војската, и тие ќе се вметнат во Законот за употреба на јазиците, вели Груби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.