Груби му прати писмо на Платини за инцидентот во Белград

Шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Артан Груби како пратеник во македонското Собрание со писмо до првиот човек на УЕФА Мишел Платини во врска со инцидентите кои се случија на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Албанија и Србија.

-Како сведок на настанот дозволете да кажам дека на инцидентот му претходеа невидени изливи на омраза како што е палењето на албанското знаме и знамето на НАТО исто како и отстранувањето на албанското национално знаме од јарболот на кое се вееше до знамињата на Србија и УЕФА. На самиот почеток на натпреварот хулиганите за време на изведувањето на албанската национална химна фрлаа со предмети кон албанските фудбалери и извикуваа пароли како “Уби уби Албанец” или “Само мртов Албанец е добар Албанец” вели Груби во писмото испратено до УЕФА.

Груби вели дека ниту албанската влада, ниту пак албанската фудбалска федерација треба да понесе одговорност за дронот.

-Одговорност за овој настан превземаа десетина различни организации а српските власти тврдеа дека братот на Еди Рама го маневрирал дронот, зошто тогаш не го уапсија?, прашува Груби.

17463golema_thumb_medium500_708