петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

Груби за „Дневник“: Тие се медицински феномен, ме убедуваат дека чичко ми е фантомски гласач

Имавме увид во тие 39.502 гласачи, кои ги спори СДСМ и видовме дека всушност не се работи за фантомски гласачи, туку дека тие гласачи или живеат тука или се надвор, вели Груби

артан груби

Последни вести

Ни на средбата на партиите од големата четворка со посредство на амбасадорскиот двоец Џес Бејли и Аиво Орав не е постигнат договор за Избирачиот список и медиумите. Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со зголемен оптимизам дека договор е можен наскоро. Наспроти ова, за партијата на Зоран Заев нема сериозни поместувања за двете прашања, анализира ДНЕВНИК.

Ова навестува дека четирите партии на средбата со помошник-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд в понеделник, ќе настапат без решение за отворените прашања бидејќи според партиските најави, викендов не се очекува преговорите да продолжат.

-И додека Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ и Артан Груби од ДУИ сметаат дека има поместување за двете теми со аргументи дека понудиле решенија и за прочистувањето на Избирачкиот список и за медиумите, Рената Десковска од СДСМ е децидна дека трет избирачки список со „непостојни“ гласачи ќе нема и оти нема договор за медиумите бидејќи ВМРО-ДПМНЕ одбива да се откаже од контролата врз нив, објави весникот.

Чичко ми не е фантом

– Разговорите  имаа дополнителен напредок и во тој поглед сум малку поголем оптимист. Стравот на СДСМ од соочување со граѓаните и опасноста повторно да бараат некаков изговор, веројатно банален и уште побанален од овој што го има сега како повторно да се пролонгира кризата во која ја доведоа Македонија. За Избирачкиот список од тоа што можевме да го видиме е дека некаде над две третини од тие лица за кои СДСМ бара да бидат избришани се Албанци. Се докажа целата измама на СДСМ за целиот овој период дека ВМРО- ДПМНЕ преку непрочистениот Избирачки список ги добива изборите. Не можат луѓето да сфатат дека народот не ги поддржува – изјави Тодоров, пренесува ДНЕВНИК.

Тој повтори дека СДСМ бара 172 илјади гласачи да бидат обележани како лица кои веројатно се во дијаспората и 39 илјади да бидат избришани и оти ВМРО-ДПМНЕ нема проблем со тоа, иако барањата се нелогични. И Груби цени дека напредок во преговорите има и смета дека ако македонската опозиција е конструктивана може многу брзо да се постигне договор и да се оди на кредибилни и демократски избори на кои ќе учествуваат сите партии.

– Има конструктивни предлози од наша страна за решавањето на прашањето за медиумите, но и за прочистувањето на Избирачкиот список. Имавме увид во тие 39.502 гласачи, кои ги спори СДСМ и видовме дека всушност не се работи за фантомски гласачи, туку дека тие гласачи или живеат тука или се надвор – рече Груби и како пример наведе дека неговиот чичко со семејството, според СДСМ, е фантомски гласач и партијата на Заев сака да го избрише.

Тој оцени дека при теренските проверки биле направени грешки и поради тоа излегува дека има фантомски гласачи иако тие реално постојат.

Најчитани вести