четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 37

Груевки: Падот на невработеноста дава сила и мотив да продолжиме со ова темпо на работа

Падот на невработеноста дава сила, дава мотив да продолжиме со ова темпо на работа и со овој начин на водење на економијата, создавање на добра бизнис клима и привлекување инвеститори кои отвораат нови работни места, напиша премиерот Никола Груевски на својот ФБ профил, откако ДЗС денеска соопшти дека невработеноста во третиот квартал од годинава изнесува 25,5 отсто, што претставува рекордно најниска стапка на невработеност во Република Македонија.

gruevski-cestitka

Поврзани вести

Денес сум среќен многу, навистина многу среќен. Мојот сон се остварува. Стапката на невработеност падна на историски ниски 25.5 отсто. Од околу 38 отсто во 2006-та на денешни 25.5 отсто заклучно со септември оваа година. За само еден квартал се намали за 1.3 отсто. Истовремено расте на бројот на вработените во земјата, од околу 560 илјади вработени во Македонија кога дојдовме во владата, денес имаме регистрирани 711 илјади ново отворени работни места, што е за скоро 150 илјади повеќе, напиша Груевски.

gruevski-status-nevraboteno

Премиерот нагласува дека тоа се 150 илјади ново отворени работни места. Луѓе кои седеле дома во безнадеж, апатија, и нервоза, со чувство за бесперспективност и немање верба во никого, денес имаат свое вработување, свое работно место, своја плата, осигурување, иднина, перспектива, надеж, елан.

Ова дава сила, дава мотив да продолжиме со ова темпо на работа и со овој начин на водење на економијата, создавање на добра бизнис клима и привлекување инвеститори кои отвораат нови работни места. Честитки за сите во економскиот тим на владата. Ова е и наш заеднички успех, ова е успех на Македонија!, напиша Груевски.

ДЗС денеска соопшти дека во третиот квартал на годинава, невработеноста во Македонија падна на 25,5 отсто. Според податоците на ДЗС,  во III тримесечје од 2015 година, активното население во Република Македонија брои 954. 610 лица од кои вработени се 711.380, а 243.230 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 56.9, стапката на вработеност 42.4, додека стапката на невработеност  25.5, јавува ДЗС. Во вториот квартал од годинава, невработеноста изнесуваше 26,8 отсто, што значи намалување од 1,3 отсто.

Најчитани вести