Груевски: 10 пати по ред мнозинството од народот нè поддржува нас- непобедени, непокорни, единствени

Тоа се години на пишување историја.Години на лични жртви и големи ризици.Години на непокор, на борба за ослободување, градење на нација, создавање на држава, одржување, развој и зајакнување на државата. Години на успеси, подеми и падови. Години на премрежија и крупни предизвици. Години на слабости и грешки, но и години на храброст, мудрост, успеси и напредок. Години на борба за каузата. Години на отпор на браникот на одбраната на државата и нацијата. Години посветени на Македонија, на реализирани и нерализирани соништа, но и години на многу решени проблеми и донесени исправни стратешки одлуки. Години во кои и во најтешките денови нашата идеологија беше арматурата која цврсто не држеше и недозволи нападите и ударите однадвор да завршат фатално за нас како партија и за Макеоднија. Но и период во кој од последните 11 години имаме  10 изборни победи по ред. 10 пати најголемото мнозинство од народот во оваа земја оцени дека нашиот пат, цели и нашите одлуки, програма, реализација, тим и идеологија,  се најисправни, најправични и најдобри за Македонија и народот во неа. Непобедени. Непокорни. Единствени.

Единствени кога требаше да се изјасниме за своја држава. Единствени кога требаше да се застане во одбрана на државата. Единствени во истрајноста и во упорноста кон успехот, единствени во реформите и во отворањето нови работни места. Единствени во поставувањето на државниот пред личниот и партиски интерес. Единствени во непоколебливоста и истрајноста во борбата за стратешките интереси на државата и нацијата. Единствени кои независно носиме одлуки за клучните прашања за Македонија. Единствени кои се спротиставија кога сите се плашеа. Единствени во многу одлуки кои не прават посебни и повредни, и заради кои народот на слободни избори не бираше, не гласаше, ни се лутеше и укоруваше кога грешевме, некогаш и не толерираше имајќи во предвид дека кој работи и греши, но како што ние дававме се од нас да помогнеме за нашиот народ и граѓани, истиот застана зад нас и кога ни беше најтешко, кога бевме организирано нападнати од сите страни со нетипични оружја во политиката, ако воопшто тоа може да се нарече политика. Да, и тогаш, на последните избори, пак мнозинството народ застана зад нас, со цел да ја одбрани Макеодонија, одбирајки партија која покажа дека најдобро знае да ја унапредува земјата и да решава проблеми, рече Груевски.

Груевски јавно им се заблагодари на сите кои се составен дел од оваа приказна и оваа борба на оваа генерација.

-Да се заблагодарам на сите членови и активисти на партијата, па и на оние кои биле па сега не се со нас, на основачите на ВМРО-ДПМНЕ,на идеолозите на партијата, теренашите кои ја создаваа и градеа, на првите иницијатори, на првиот претседател и првото раководство на партијата, на ветераните на партијата, првите раководства низ сите градови и села, за нивната храброст, визија и патриотизам. И истовремено да потсетам на големото визионерство, храброст и саможртва на основачите, на Македонската Револуционерна Организација, подоцна преименувана во ВМРО и на сите нејзини борци, комити, војводи и следбеници. Нивната идеја за независна држава продолжи и кога навидум ВМРО по 41 година бурна активност беше разбиено. Некои од нив вклучувајќи се во партизанските одреди, други потоа како нескршливи борци за слобода и независност на Макеоднија за време на комунистичкиот режим, но сите тие имаа иста цел, слободна и независна Макеоднија.  Ние, кои го наследивме и продолживме нивното дело, ја имаме одговорноста за нашето време, кон нашите предци, кон нашиот народ и кон идните поколенија во Македонија, и несмееме да потфрлиме во таа задача, независно на околностите, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.