Груевски: 100 милиони евра кредити за мали и средни претпријатија

Ниту малите и средни претпријатија не се заборавени во новата програма наменета за 2014-2018 година, а Никола Груевски ги претстави и мерките наменети за нив.

„На малите и средни компании ќе им обезбедиме пристап до нови 100 милиони евра кредити со субвенционирана камата од 5,5 отсто. Дополнително, ќе извршиме докапитализација на македонската банка за поддршка на развојот со 10 милиони евра, односно по 2,5 милиони годишно. Со ова македонските компании ќе може да го финансираат своето производство наменето за извоз и земјоделското производство, како и откупот и извоз на земјоделски производи,“ истакна Груевски.

Груевски вечерва ја промовираше програмата со која Коалицијата за подобра Македонија ќе бара уште еден мандат на претстојните парламентарни избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.