среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 23

Груевски: 11-ти Октомври e историскиот континуитет на идејата за слободна и самостојна Македонија

Празниците како денешниот, подвлекува лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, се одлична можност да се потсетиме на минатото, но и да погледнеме кон иднината.

Груевски: Изградбата на ТИРЗ одличен чекор за зголемување на вработеноста

Последни вести

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски од името на партијата и од негово лично име упати честитка до граѓаните по повод 11-ти Октомври – Денот на народното востание.

– Денес, Република Македонија ја слави Народноослободителната борба и нејзиното значење во остварувањето на вековниот сон на нашите предци за сопствена државност. 11-ти Октомври e историскиот континуитет на вековната идеја на нашиот народ за борба за слободна и самостојна Република Македонија. Оддавајќи почит на партизаните од Народноослободителната борба, оддаваме почит и кон сите наши предци кои со своето дело покажаа како се бори, како се сака и како посветено се работи за Македонијам се вели во четитката од Груевски.

Празниците како денешниот, подвлекува лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, се одлична можност да се потсетиме на минатото, но и да погледнеме кон иднината.

– Наша заедничка цел е подобра и поуспешна Република Македонија, и токму затоа е потребно обединети да продолжиме да чекориме кон оваа цел. Со заеднички сили и напори, со заедничка работа и посветеност да покажеме дека заедно можеме да извојуваме нови победи за нашата држава. Нови победи за успешна и просперитетна Република Македонија. Наша заедничка цел е силна Македонија!, стои во честитката упатена од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Груевски по повод 11. Октомври.

Најчитани вести