Груевски: 20 милиони евра за стартување на првата земјоделска берза во Македонија-Агро пазар

Новиот проект Агро пазар е еден од позначајните и е замислен како место што ќе биде еден вид на земјоделска берза, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, појаснувајќи дека проектот продолжува и во иднина.

-Ќе се направи некаде во центарот на Македонија помеѓу Неготино и Демир Капија, каде што ќе бидат изградени повеќе објекти дал од нив ќе бидат за складирање, дел за ладење а главниот објект ќе биде место каде што ќе се продаваат свежите земјоделски производи на македонските земјоделци, рече Груевски.

На тоа место, појасни Груевски ќе биде сконцентрирана најголем дел од понудата и најголем дел од откупувачите и од Македонија и од странство. Додаде и дека ќе може да се плаќа и купува од интернет а ќе бидат инвестирани најмалку 20 милиони евра  во набавка на нова опреа и објекти во кој ќе биде сместена земјоделската берза Агро пазар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.