сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 43

Груевски: До 2020 година нови 70.000 работни места

До 2020 година, минималната плата е предвидено да се зголеми на 14.000 денари, додека пак за кожарската и текстилната индустрија на 13.500, рече Груевски.

gruevski-640x347

Последни вести

Новата програма на ВМРО-ДПМНЕ на повеќе од 500 страници, со детални пресметки и рокови, предвидува отворање на нови 70.000 работни места за 4 години, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Ресен.

-Во новата програма предвидено е постепено зголемување на минималната плата, која ние ја воведовме. СДСМ не ја воведе иако синдикатите тоа го бараа од неа. Предвидено е постепено зголемување до 2020 година, минималната плата да се зголеми на 14.000 денари, додека пак за кожарската и текстилната индустрија на 13.500, рече Груевски.

Најчитани вести