Македонија

Груевски: 250 работни места за кичевчани во КСС до крајот на годинава

Груевски: 250 работни места за кичевчани во КСС до крајот на годинава

Американската компанија „Ки Сејфти Системс“ која произведува воздушни перничиња за автомобилската индустрија веќе објави одлука да инвестира 20 милиони долари во Кичево и да реализира 1000 нови вработувања, рече премиерот Никола Груевски на собирот во Охрид.

-Оваа компанија веќе ги започна подготвителните работи за изградба на својата фабрика во кичевската зона и оваа фабрика се очекува да биде завршена до крајот на оваа година. Она што е битно и сакам да го истакнам е дека моментално компанијата работи во браунфилд халата и има веќе 60 вработувања, а до крајот на годината додека работат таму и додека стане оперативна гринфилд фабриката ќе се вработат уште 250 работници, 250 вработувања за Кичево и кичевско до крајот на годината,а кога фабриката ќе стане оперативна тој број ќе дојде до 1000 работници. ​Три фабрики и над 3000 нови работни места за овој регион. Тоа се конкретни резултати од нашата работа. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Работните места доаѓаат со многу упорност и многу работа, рече Груевски.