Груевски: 40-те нови проекти помагаат и се од корист за младите луѓе

Вкупно 40 нови проекти се понудени за младите луѓе во изминатиот период. Во своето гостување во дневникот на Сител телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски зборуваше за проектите наменети за младите лица кои ги најави во новата програма на владејачката партија, кои ќе се најдат во новата програма.

Понудивме 40 нови мерки од кои дел почнавме да ги имплементираме, но најголемиот дел ги нудиме како дел од новата програма, во која ќе има и други мерки за младите. Наидоа на одличен одзив, направивме силен фокус на младите, сметаме дека тоа ќе даде добри резултати за нив, за нивната иднина и оваа листа од 40 проекти која е како дел од нашата нова програма ќе бидат нов квалитет на живот на младите луѓе. Освен што ќе им помогнат на младите, ќе помогнат и во градежниот сектор. Околу 40 милиони евра ќе се инвестираат во 3-4 години за да се спроведат проектите, 40 милиони евра ќе влезат во економијата, многу работници и компании ќе живеат во тие години, потенцираше тој.

Новите 40 мерки наменети за младите лица, додаде Груевски, ќе бидат добра стимулација за младите да искористат многу работи и да имаат подобар квалитет на живот.