Груевски: 59 милиони евра ќе се инвестираат за водоводи и канализации низ цела Македонија

евра

-Проектот е почнат пред извесен период. Се работи за 59 милиони евра од Европската инвестициска банка за инвестирање во водоводни мрежи и канализациони мрежи низ цела Македонија. До сега се инвестирани 18 милиони евра за околу 50-тина проекти, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Во тек на реализација се нови 30 проекти со вредност од над 10 милиони евра.

-Проектот е во полн ек, еден дел се завршени, еден дел се во градба и за еден дел се подготвува да почне градба на канализациони и водоводни мрежи онаму каде што ги нема, онаму каде што граѓаните ги бараат и се разбира онаму каде што сме ги ветиле, додаде Груевски.

Со континуираното инвестирање во водоводни и канализациони системи, се решава еден од најгорливите проблеми на граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.