Груевски: Секој Албанец кој својата иднина ја планира во овие граници на Македонија, ме има за сојузник и мене и ВМРО-ДПМНЕ

албанските

Ние се грижиме за сите подеднакво, градиме водоводи и во македонските средини, градиме водоводи и во албанските средини, градиме канализациони системи во и македонските и во албанските, градиме во турските, градиме во ромските средини. Градиме патишта насекаде.

Нека не ги залажува Заев луѓето, самиот не е свесен што споредува и во каква каша ќе ја донесе Македонија. Сакаме оваа земја да остане цела, заеднички да останеме , заеднички да живееме и заеднички да станеме членки на НАТО и ЕУ, тоа е нашата цел, да ја зајакнеме економијата, да ја намалиме неврабоптеноста, да одиме напред заеднички сите, а не да бидеме полтрони на нечии сценарија, порача Груевски.