Груевски: Американска компанија пред одлука за инвестирање

компанија

Ова го истакна Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица, при вчерашната посета на Прилеп.

1-Овде во Прилеп, во план ни е во наредните 4 години спортскиот центар Маркови кули да се реконструира темелно. Таму имаме и спортска сала, отворен базен со ватерполо димензија, имаме стадион, тениски игралишта, има ресторан…

Тој посочи дека уште една нова компанија објави дека ќе инвестира во Прилеп.

 

3gruevski-prilep3

-Тоа е компанија од Германија која ќе произведува апарати за домаќинството, ќе вработи 1.000 луѓе, ќе се смести во слободната економска зона во Прилеп и ќе има и многу индиректни вработувања.

2Груевски истакна дека има интерес и од уште неколку други компании за инвестирање во Прилеп.

-Една американска компанија со потенцијал за вработување на 600 лица, со нешто повисока технологија и е пред одлука, затоа се уште не можеме да ја кажеме, бидејќи одлуката се уште не е донесена.