Груевски ќе се обрати пред Анкетната комисија во понеделник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на Владата на Република Македонија Никола Груевски ќе сведочи во понеделник пред Анкетната комисија во Собранието на Република Македонија.

Како што информираат од владејачката партија, премиерот поради редовните обврски, ќе одговори на поканата на Анкетната комисија во Собранието на Република Македонија на 14-ти декември 2015 и ќе се обрати пред пратениците од истата комисија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.