Груевски: Апсолутно осудувам насилство врз новинари

Станува веќе навика во СДСМ од нивниот гнев, тие се длабоко влезени во гнев од кој неможат да излезат. Нив ги води гневот, тоа е многу лошо кога некого го води гневот. Лошо е за него, бидејќи нема да ја постигне целта што ја наумил, а второ, лошо е за сите во околината што ќе се најдат таму.

Ова го изјави премиерот Никола Груевски по синоќешниот напад на Ивона Талевска и двајцата сниматели кои беа физички нападнати и им беше искршено службеното возило од активисти и челнови на опозицијата кои протестираа пред Парламентот.

-Апсолутно осудувам насилство, особено насилство кон новинари. Невозможно е да се дојде на власт со насилство врз новинари ако некому не му одговараат или не ги исполнуваат неговите желби… Тоа што се случи вчера со нападот на Ивона Талевска и снимателите на Сител е тежок преседан за кој ги охрабрувам сите институции да направат сериозна истрага и да ги најдат сторителите, рече Груевски.