Груевски: Автопатот Кичево – Охрид, владата на СДСМ го затекна 50 отсто изграден

Сличен на проектот автопат Скопје – Штип е градбата на нов автопат Кичево – Охрид. Слична приказна како и првиот. Требало анекс, бидејќи надвор од проектот излегла поголема потреба на теренски активности. Сосема вообичаена појава во градбата на автопати, насекаде во светот и во сите времиња. Се регулира со закон и без никакви застои. Додека тече градбата, се вршат пресметките на вишоците одработено, се потпишува анекс и нема запирање на работите, ова на својот Фејсбук го објави поранешниот премиер Никола Груевски.

Тој во статусот вели и дека додека тече градбата се завршуваат и експропријациите. Така се работи и законски и ефикасно, а не бирократски.

-Обезбедена финансиска рамка со кредит од кинеската Ексим банка, со преференцијална каматна стапка од само 2 осто. Подобро, здравје. Автопатот Кичево – Охрид, трансферот на власта го затекна на изграденост од 50 осто. Но, потребата да се фабрикуваат скандали и потребата да се прикаже дека не 50 осто, туку како 100 осто да го завршиле СДСМ и тука стапија на сцена. Една година застој, стотици телевизиски прилози, спинови, полувистини и јавни дебати и се на крај ќе заврши со истиот резултат. Ќе потпишат анекс согласно реалната ситуација на теренот и ќе продолжи градбата. Имаат и друг избор. На пример, доколку имаше некаков криминал или незаконско работење на било кого, или надвор од договорот отстапувања на фирмата, може да го раскинат договорот без да плаќаат пенали и да распишат нов тендер. Но, такво нешто нема. И бидејќи нема, нема да го раскинат договорот, бидејќи ако го раскинат, државата ќе треба да плаќа пенали, а не градежната компанија. Една година, работниците седеа дома без плата, една година помалку даноци во буџетот. Една година помалку пари за стотици фирми директно или индиректно вклучени во изработката на автопатот. И наместо да заврши до крајот на оваа година или првата половина на 2019-та, сега ќе заврши во јуни 2021-та, пишува Груевски.

Тој додава дека за толку подолго нашиот народ и туристите ќе се возат по стариот и небезбеден пат, ќе гинат луѓе и ќе се губат човечки животи на стариот и помалку безбеден пат. Ќе се амортизираат возилата многу повеќе. Каков што е сега лош патот, ќе си продолжат за година и пол стомачните тегоби на мнозинството граѓани кои се превезуваат по овој пат, за да во јуни 2021, веројатно сметајќи дека уште ќе е на власт, СДСМ, Заев и останатите пресечат лента и кажат дека тие го изградиле патот.

Ако пак некој се потсети дека повеќе од пола од автопатот бил готов, а финансиската рамка за втората половина обезбедена во моментот кога тие дојдоа на власт и цела година го запреа проектот, тогаш ќе се обидат да затскријат со лажни образложенија дека проектот бил во криза, но бил криво насаден па тие го спасиле. Какви измамници!!!, завршува во својот статус Груевски.