Македонија

Груевски: Барањето мито од Заев е срамен и криминоген чин

Груевски: Барањето мито од Заев е срамен и криминоген чин

Премиерот Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на Канал 5 меѓу другото ја искоментира и видео снимката што деновиве се појави на Јутјуб, а на која јасно се гледа како лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев отворено бара мито.

– Тоа што го видовме пред неколку дена на видео материјал во кој што јасно се гледа дека човекот отворено директно бара мито. На некојси човек кој што барал да му се заврши одредена услуга од општината која што по закон му следува тој му бара мито зада му ја заврши таа услуга . Станува збор за еден срамен криминоген однос што го гледаме од очите на Зоран Заев и што е најсмешно и што е најтрагично во целата ситуација истовремено, тој за тоа не помислува да побара оставка, рече Груевски.

Груевски потенцира дека целиот народ, цела Струмица, цела Македонија видела како функционира градоначалникот на Струмица.

– Тој човек може да влијае на истрагата, може да влијае на сведоците, но нема храброст да си поднесе оставка, затоа што знае дека е виновен, рече Груевски.