Груевски беше во суд за „Траекторија“, но не дојде кај Кацарска на пресуда

Право на обвинетиот Никола Груевски е да не се појави на изрекување на пресуда, рече по изрекување на одлуката за случајот Тенк“ Димитар Дангов, адвокат на поранешниот премиер.

Запрашан зошто Груевски не се појави денес на изрекувањето на првата пресуда против него за постапките на СЈО, Дангов кратко одговори дека неговиот клиент бил утрово во старата зграда на основниот суд Скопје 1 на судењето за случајот „Траекторија“, дека не знае зошто не се појавил на пресудата и дека правото на отсуство му го дозволува законот.

Адвокатите на Груевски и Ѓоко Поповски најавија жалби на одлуката на Судот со која бе осудени на две и 6,5 години затвор.